Нови 67 позитивни пациенти на Ковид 19, можни рестрикции во одредени општини
2.06.2020
Од 868 направени тестирања има 67 позитивни пациенти на Ковид 19 и еден починат пациент, информираше министерот за здравство Венко Филипче.
Распоредот на новозаболените по градови низ Македонија сѐ уште се изработува и ќе биде готов во следните неколку часа, министерот кажа дека само во липковскиот регион има 11 нови случаи.
-Имаме нов кластер во правен субјект во Тетово. Во Чаир и Студеничани се вршат тестирања тоа се во рамките на 10 семејства се ставаат луѓе во изолација. Во приватен дом за стари лица во Ченто и Кадино во едниот има има две позитивни штитенички, а во другиот тројца вработени. Имаме случај на позитивен полицаец од Унгарија кој е на работна задача во земјава, па околу 30 полицајци кои биле со него ќе се тестираат, изјави на прес министерот Филипче.
Тој најави дека во текот на утрешниот ден или во четврток ќе донесе одлука за можни рестрикции во одредени општини.
Комисијата за заштита од заразни болести до четврток треба да донесе одлука во врска со евентуално воведување рестриктивни мерки на одредени подрачја. Како што кажа министерот за здравствво, Венко Филипче на денешната прес конференција, Комисијата ги следи бројките на новозаболени пациенти, по што ќе следува донесувањето на соодветни одлуки.
„Во Скопје Чаир и Студеничани, огромен број се во рамките на 10 семејства и се прават интервјуа, се ставаат лица во изолација и се прават контакти. Има позитивни на ковид-19 во објекти за стари лица во Ченто и Кадино. Во едниот има 2 штитенички, а во другиот заболени се тројца вработени“, изјави Филипче.