Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

dimitrov fin

29.05.2020

На барање на шпанската страна, министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска разговараше со Аранча Гонзалес Лаја, министерка за надворешни работи, ЕУ и за соработка на Шпанија.

За време на разговорот, како што соопшти МНР, Димитров уште еднаш се заблагадори за отворената и принципиелна поддршка од Шпанија за нашите европски и евро-атлантски интеграции, изразувајќи задоволство од нивната посветеност како за заокружувањето на НАТО членството, така и за нашиот пробив на европскиот пат.

Беше направен осврт на епидемиолошката состојба во двете земји, но и пошироко, во контекст на здравствените предизвици со кои тие се соочуваат, како и на социо-економските последици од кризата и можни решенија за нивно надминување преку заедничка соработка и солидарност.

Министрите разменија мислења и за повеќе актуелни прашања од регионот. Беше потенцирана важноста од натамошно динамизирање и продлабочување на одличните билатерални односи, со заемна заложба за јакнење на пријателските врски меѓу двете држави, стои во соопштението на МНР.

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново