Денеска и викендов до 34 степени целзиусови
Објавено на 15 мај, 2020 во 11:14
15.05.2020
Сончево и многу топло (до +34 степени) со мала локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец. УВ=9. Такава е прогнозата на УХМР за денеска.
Под влијание на многу топла воздушна маса, слично, многу топло, време ќе имаме и за викендот со максимални температури кои се над просекот за овој период од годината.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.
На почетокот на наредната седмица во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Се очекува и благ пад на температурата.