На Попова Шапка 154 нови лица во државен карантин
Објавено на 31 март, 2020 во 15:26
31.03. 2020
Во текот на вчерашниот ден и синоќа 154 македонски државјани од Автстрија и Швајцарија согласно мерките од КОВИД 19 се сместени во карантин во хотелите Попова Шапка и Славија.
Од Раковдството на скијачкиот центар Попова Шапка велат дека за луѓето кои се сместени во двата хотели им е обезбедено храна медицинска нега и топол престој.
Претходно на Попова Шапка на 27 март во хотелот Арена на Попова Шапка беа сместени 56 лица од Хрватска за да поминат 14 дена карантин.