Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

spasovski1 fin
31.03. 2020
Сите занаетчии, автомеханичари, фризери, бербери, пекари,… може да аплицираат за владината поддршка од вториот сет економски мерки што денеска го соопшти премиерот Оливер Спасовски.
Како што рече Спасовски на прес-конференција, занаетчиите се опфатени преку мерката која се однесува на правните субјекти од приватниот сектор, но конкретно за нив ќе се регулира со посебни, дополнителни уредби кои ќе бидат донесени деновиве.

Од вториот сет економски мерки на Владата никој не е изземен, нагласи Спасовски, посебно не микро и малите фирми. Ќе се стори се – што повеќе луѓе да останат на работа. Најмногу ќе му се помогне на оној што има најмалку.

– Во овој сет мерки нема никој што е изземен. За занаетчиите ќе се донесе посебна уредба. Секој од нив има право да аплицира за поддршката. Во овој момент овие категории се најпогодени и мерките мора да се однесуваат за микро и малите петријатија, истакна Спасовски.

Предмет на финансика поддршка за правните субјекти од приватниот сектор е исплатата на плати на работниците за април и мај во износ од најмногу 14.500 денари. Со мерката, потенцира премиерот, се поддржува ликвидноста на работодавачите од приватниот сектор. Се намалуваат нивните трошоци за плати во фунцкија на заштита на работните места.

– Со цел спроведување на мерката ќе биде отворена владина програма за поддршка на работодавачите погодени од кризата. Тие самостојно ќе ја исплатат платата преку алатката „месечна пресметка за интегрирана наплата” на УЈП. Но, ќе треба да исполнат и неколку услови – да не исплаќаат дивиденди на сопствениците и бонуси, годишни и награди за деловна успешност на вработените и органите за управување и надзор, да имаат најмалку 30 отсто намалување на приходите од сеознскиот просек лани, како и за месецот за кој се бара поддршка просекот на највисоките нето плати на десет отсо до бројот на вработените да не надминува 120.000 денари месечно по вработен, објасни Спасовски.

Финансиската поддршка, напомена, не се однесува на вработените кои за декември 2019, јануари и февруари 2020 примиле нето плата повисока од 39.900 денари.

– Работодавачите што ќе добијат финансика поддршка имаат обврска истиот број вработени што го имале во време на аплицирањето да го задржат заклучно со септември 2020. Поддршката нема да ја враќаат работодавачите што искажале загуба за 2020 година. За останатите, враќањето е лимитирано до 50 отсто од добивката пред оданочување зголемена за оданочените расходи. За самостојните вршители на должност, односно сите занаетчии: автомеханичари, фризери, бербери, пекари и други да имаат пристап до оваа мерка, ќе биде донесена дополнителна уредба во деновите пред нас, подвлече премиерот.

Оваа мерка ги опфаќа и медиумските правни субјекти од приватниот сектор под истите услови.

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

           

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 07 јуни (недела) 2020 год. во периодот од 05.00 до 06. 30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 08 јуни (понеделник) 2020 год.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

 
   
   
   
   

Најново