Грчкото МНР и посака добредојде во НАТО на Северна Македонија
Објавено на 28 март, 2020 во 09:21
28.03.2020
Министерството за надворешни работи на Грција преку официјалниот „Твитер“ профил упати честитки за нашето членство во НАТО, додавајќи дека очекува конструктивна соработка, јави дописничката на МИА од Атина.
-И честитаме на Република Северна Македонија за нејзиното членство во НАТО како 30-ти член на Алијансата. Добредојде за нашите соседи во НАТО семејството и очекуваме конструктивна соработка во рамките на Алијансата, напишаа од грчкото МНР на „Твитер“.