Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

zbogar fin

25.03.2020
Амбасадорот на Европската унија во Македонија, словенечкиот дипломат Самуел Жбогар вчера на својот профил на Твитер ја најави финансиската поддршка која земјава ќе ја добие од своите европски пријатели.

„Сите сме заедно во борбата против овој злобен вирус. Во овие тешки времиња, Европската унија ќе ја поддржи Македонија со: До 4 милиони евра за итни потреби, до 50 милиони евра за социоекономско закрепнување, 9 милиони евра за приватниот сектор и 3 милиони евра директна поддршка за македонскиот буџет“, напиша Жбогар на Твитер.

Вчера министерот за надворешни работи, Никола Димитров најави помош од Европската унија за справување со коронавирусот во Македонија.

Шефот на македонската дипломатија на „Топ Тема“ на Телма ТВ изјави дека Европската комисија ќе предложи фонд од 23 милијарди евра во борбата против коронавирусот, истакнувајќи дека земјава веќе се пријавила за помош.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново