Во Прилеп регистрирани првите два случаи на Ковид 19
Објавено на 25 март, 2020 во 10:31
25.03.2020
Во Прилеп се регистрирани првите два случаи инфицирани од коронавирусот, потврдија од Центарот за јавно здравје од Прилеп.
Според директорката на центарот, Драгица Николоска, заразените се сопружници на возраст преку 60 години и се префрлени на Инфективната клиника во Скопје.
-Сопружниците не биле надвор од земјава, туку нивниот син кој бил на Копаоник, Србија и се вратил пред 10 дена. Се уште нема резултати за него. Сега го собираме материјалот и се проверуваат контактите кои досега ги имале двајцата сопружници и нивниот син, изјави Николоска.