АМСМ: Сообраќајот по влажни коловози, снег на патот Крива Паланка – Деве Баир
Објавено на 25 март, 2020 во 09:46
март 25, 2020
Врнежи од слаб снег утринава има на патниот правец од Крива Паланка од граничниот премин Деве Баир каде има и остатоци од кашест снег на коловозот.
На остантите патишта низ државата, како што информира Авто мото сојузот на Македонија, сообраќајот се одвива без забрани по влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен.