Од денес до сабота дожд, пролетни температури од недела
Објавено на 25 март, 2020 во 09:41
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Таква е прогнозата на УХМР за денеска.
До сабота ќе се задржи променливо облачно со повремени врнежи, кои, поради затоплувањето, ќе бидат претежно од дожд. Од недела се очекува сончево и потопло време.