Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

vizer fin

Сите летови на авиокомпанијата „Виз Ер” од скопската база ќе бидат суспендирани до 4 април. Овие мерки беа објавени на 18 март во 23 часот по локално време, следејќи ги рестрикциите на македонските власти во обидите да го спречат ширењето на коронавирусот, соопшти денеска „Виз Ер”.

Како што информираше вчера министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, со оглед на фактот дека и двата аеродорма во државава се затворени и нема операции, договорот за финансиска подршка со „Виз Ер” е ставен во мирување, со што нема да се исплаќаат субвенциите од државата по тој основ.

„Виз Ер” информира и дека патниците со резервирани билети погодени од суспендираните летови кои ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокоманијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака. Сто и дваесет проценти од оригиналната цена ќе бидe автоматски префрлена на Wizz сметката на корисникот, и тие ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на „Виз Ер”.

Патниците, исто така, можат да одберат опција за враќање на парите – за која треба подолго време да се реализира – и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака. Во тој случај, патниците ќе можат да изберат 100 проценти поврат на сумата. Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции – треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети, стои во соопштението од авиокомпанијата.

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

           

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 07 јуни (недела) 2020 год. во периодот од 05.00 до 06. 30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 08 јуни (понеделник) 2020 год.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

 
   
   
   
   

Најново