Денеска и утре сончево и топло
Објавено на 20 март, 2020 во 09:42
Времето денеска ќе биде сончево и топло со максимални 22 степена. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска. И утре времето треба да биде сончево и топло со максимална температура до 23 степени.
Значи, пролетта ќе ни’ почне со пролетно време, но од недела ќе настапи наоблачување, попладне со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни. Кон крајот на денот ќе почне да дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови значително заладување, па од понеделник, освен на планините, врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места, а дневните температури ќе опаднат за повеќе од двојно во однос на денешните.