Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

spasovski fin1

Премиерот Оливер Спасовски во вечерашното гостување во емисијата Вин-вин на ТВ Телма, најави дека најверојатно утре ќе се донесат мерки со кои секој оној што не ја почитува наредбата за домашна изолација, автоматски да биде префрлен во центрите за карантин и повторно апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките што им се наложени.

– Имаме два типа на самоизолација – со решение за здравствен надзор лица кои се директно во контакт со лице со коронавирус и нив ги посетуваат патролни служби. Има неколку случаи каде што не се почитува решението за изолација и на нив веќе им се изречени парични казни. За затвор се уште нема. И луѓето кои се враќаат од државите со среден и висок ризок потпишуваат изјава дека ќе се држат до самоизолација.

Најверојатно утре ќе донесеме одлука дека оние кои нема да бидат во самоизолација, а мора да бидат, при проверка ќе ги носиме во центрите за изолација. Затоа мојот апел е тоа што треба да го испочитуваат, да го испочитуваат, рече Спасовски.

Потврди и дека капацитетите и на полицијата и на Армијата сега со вонредната состојба се ставени во функција комплетно и врз основа на тоа се подготвува план за подготвување и на едните и на другите.

Како дел од мерките за спречување на ширење на вирусот, Спасовски соопшти и дека Водно од утре ќе се затвори за граѓаните од 18 часот до 6 часот наутро за да се спречи собирање на граѓани и додаде дека ќе се испитуваат информациите за изнајмување на куќи во неколку скопски населби како и на договорите за издавање.

Истакна автошколите да не вршат ниту обуки, ниту полагање, а супермаркетите и аптеките да имаат редарска служба што ќе дозволува влез на луѓе во објектот, два метри да има раздалеченост на луѓето што ќе бидат внатре.

Тој посочи дека во однос на универзитетите наставниот процес е прекинат. – Немаме можност по закон да имаме онлајн настава што ќе биде признаена. Таму е поделикатно прашањето со испитните сесии. Треба да се подготват уредбите со кои ќе се направат измени. Ќе се носат одлуки за да бидеме заштитени и ние и студентите и образовниот систем, рече тој.

На прашањето колкав може да достигне бројот на заразени, Спасовски рече дека никој не може да направи реални проценки.

– Епидемиолозите и сите оние кои работат во здравствениот систем прават скрининг на секој поединечен случај и врз основа на тоа се издаваат конкретни мерки. Во Дебар практично брачниот пар што се врати од Италија никој од 12-те во комбето не беа заразени. И во Скопје како потенцијална можност да се разнесе локалната трансмисија луѓето се ставени во изолација. Многу е важно колку сите ние ќе се придржуваме кон мерките на Владата. Само со почитување на тие мерки нема да дозволиме прогресија и ширење на коронавирусот, рече тој.

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново