Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

javnasoba fin

Порнографската група „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм повеќе не постои, но затоа, пак, пред околу две недели таа повторно е активна на еден светски познат порно сајт.

Како што е наведено таму, основач на групата наводно е 31-годишен маж од Германија, кој досега има објавено над 500 експлицитни фотографии од девојки и од момчиња од Македонија.
Според информациите со коишто располага Плусинфо, станува збор за истите фотографии кои неодамна беа објавени во групата „Јавна соба“ на Телеграм, а кои беа избришани по интервенција на Министерството за внатрешни работи (МВР).

Меѓу експлицитните фотографии објавени се и телефонски броеви од многу девојки, како и од нивните профили на Фејсбук и на Инстаграм, а не се ретки ниту принтскриновите од интимните фотографии кои тие им ги праќале на своите момчиња во приватни пораки. Огромен дел од фотографиите им припаѓаат на малолетни девојки, а не се поштедени ниту познатите јавни личности.

Интересно е тоа што освен фолдерот со голи девојки, постои уште еден фолдер во кој објавувачот се шегува со полицијата со тоа што ги објавил СМС пораките преку кои МВР го повикува да се јави во Полициска станица Ѓорче Петров за да даде изјава поради неговото членство во групата „Јавна соба“ на Телеграм. Во истиот тој фолдер, објавени се и неколку фотографии направени од телевизиски екран, а на кои се гледа како телевизиите во Македонија известуваат за порнографската група.

За потсетување, МВР минатиот месец испрати барање до сопственикот на Телеграм, чие седиште е во Велика Британија, со цел да се затвори порнографската група „Јавна соба“ која броеше над 7.000 членови.

Полицијата успеа да идентификува еден од креаторите и еден од модераторите на групата, а како што истакнаа оттаму, и двајцата се возрасни лица од Скопје.

Инаку, групата постоела неколку месеци, во септември лани прво била на Инстаграм, потоа се префрлила на Вибер, за на крај да заврши на Телеграм.

Засега не е познато како истата таа група овојпат заврши на познат порно сајт, но „Плусинфо“ го пријави случајот во полиција и чека реакција.

Извор: Плусинфо

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен состав се донесоа следниве заклучоци:

  • За спроведувањето и реализацијата на препораките за ограничено движење на граѓаните на јавните места и во институциите, Општина Велес ќе ја известува јавноста преку официјалната интернет страница, преку официјалните социјални мрежи, како и преку електронските и пишани локални медиуми;
  • Поради неисправноста на водата во село Сопот за потребите на жителите од село Сопот, Општина Велес обезбедува достава на канистер со вода за техничка употреба и флаширана вода за пиење.

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата
седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која
се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен
состав се донесоа следниве заклучоци:
- Предложената мерка, Малиот пазар во „Нова населба”,
да остане затворен за работа, останува во сила;
- ЈКП „Дервен” да донесе Одлука во врска со работењето
на Градскиот пазар да работи секој ден, од 06:00 до
13:00 часот;
- Да се ограничи продажбата исклучиво само на
земјоделски производи (овошје, зеленчук и други
прехрамбени производи);
- Прехрамбените производи да бидат изложени на секоја
втора тезга во редот;
- Да се изврши оградување на паркинг просторот надвор
од пазарот, да не се дозволува продажба на производи;
- Да се регулира влегувањето и излегувањето на
посетителите во пазарот, со два влезови;
- Пред влезовите да се забележи влегувањето преку
двајца редари и да се внимава на физичикото
растојание при влегувањето;
- Задолжително носење на заштита опрема (маски и
ракавици) на продавачите;
- На влезовите да биде поставено средство за
дезинфицирање и маски за потребите на купувачите;
- Местото на продажба на производи од ист вид, се
утврдува од раководителот на ЈП Пазари при
доделувањето на тезгата за продажба;
- ЈКП „Дервен” се задолжува преку јасно видливо
известување до граѓаните да го определи
времетраењето на задржување на купувачот во пазарот;

- По препораки на Светската Здравствена Организација
(СЗО) ЈКП „Дервен” од денес врши зголемување на
нивото на хлор во водоснабдителниот систем по 0,5 ml/L
милиграми на литар резидуален хлор во градскиот
водоснабдителен систем;
- Согласно Оперативниот план за дезинфицирање се
задолжува ЈКП „Дервен” да спроведе дезинфицирање на
на детските забавни паркови, спортските терени,
патеката околу езерото „Младост” и други јавни
површини во градот.

 

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата
седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која
се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен
состав се донесоа следниве заклучоци:
- Се задолжуваат мобилните тимови на МВР – СВР Велес
на двата пунктови при влезот во град Велес, одредени
на улиците „Вардарска” и „Димитар Влахов”, да вршат
редовна контрола на физичката состојба на учесниците
во сообраќајот, како и дезинфенкција на возилата;
- Се задолжува МВР – СВР Велес да одреди тимови кои
ќе вршат контрола на движењето на граѓаните кон езеро
„Младост”;
- МВР одредува една патрола со двајца униформирани
полицајци за воведување на ред на влезовите на
пазарот.

 

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата
седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која
се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен
состав се донесоа следниве заклучоци:
- Се упатуваат управителите на згради, претседателите
или претставници на куќните совети на станбените
згради, да стапат во контакт со Центарот за јавно здравје
со цел добивање конкретни информации за начинот на
употреба на средства за дезинфицирање на зедничките
простории, телефон за контакт: 078 246 729.

 

 

 

 
   
   
   
   

Најново