Заканувачот Јакимовски дава исказ во полициска станица
Објавено на 14 јануари, 2020 во 14:05
Емил Јакимовски дава исказ во скопска полициска станица по заканите и навредите кои ги упати преку социјалните мрежи кон двете новинарки Мери Јордановска и Искра Коровешовска.
– Се работи на целосно расчистување на случајот, потврдија од МВР.
Од Централниот регистар вчера соопштија дека Јакимовски е избркан од работа поради злоупотреба на боледување и нарушување на угледот на институцијата.