Претежно сончево со услови за утринска магла
Објавено на 10 јануари, 2020 во 07:52
Претежно сончево и тивко, со услови за утринска магла во некои котлини е времето што, според УХМР, не’ очекува денеска.
Минималната температура треба да се движи од -10 до -1 степени, а максималната од 13 степени се очекува да биде измерена во Гевгелија. Во Охрид до 11, во Скопје и во Штип до 8, во Тетово до 7, Битола до 6 степени…
За време на викендот ќе има зголемена облачност со умерен северен ветер. На некои пониски места ќе има појава на слаб дожд, а на планините слаб снег.
Потоа ќе се задржи стабилно време со услови за појава на магла по одделни котлини.
Температурте треба да бидат слични на денешните, со тоа што се очекуваат малку потопли утра за два до три степени.