Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

fondzainovaci fin

На вкупно 34 основни и средни училишта денеска во Владата им беа доделени договорите за финансиската поддршка од Фондот за иновации, согласно вториот Конкурс за млади истражувачи.

Поради големиот број квалитетни проекти, како што беше речено, годинава, првично проектираната поддршка од 2,5 милиони денари беше зголемена на шест милиони.

-Со поддршката на иновативните проекти ја поттикнуваме креативноста, љубопитноста и истражувачкиот дух на учениците кои врз основа на овие вредности ги исполнуваат своите визии и учествуваат во градењето на нивната и перспективата на нашата држава. Градејќи се како лидери и остварувајќи ги своите соништа тука, дома, младите луѓе ја креираат и нашата економска иднина, истакна премиерот Заев.

Според директорот на Фондот за иновации, Јован Деспотовски, на вториот Конурс се пријавиле околу 90 проекти, од најразлични области, енергетика, земјоделство, вселенски истражувања, слоларна енергија,…. Сите биле издржани, поради што воопшто не била лесна задачата да се одберат најдобрите.

-Секоја сериозна држава, како што е нашата, мора да обезбеди средства за овие деца. Со оглед дека е голем капацитетот на млади истражувачи со кој располагаме, наскоро ќе отвориме нов фонд – за млади умови, како системско решение за нивна поддршка и развој, информира Деспотовски.

Првиот Конкурс за млади истражувачи беше распишан минатата година. И тогаш средствата за поддршка беа прво 1,5 милиони денари, а потоа се зголемија на четири.
Досега поддршката од оваа мерка ја искористиле над 3.000 ученици од 54 училишта, предводени од 130 ментори.

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner

Најново