Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

LaVeritas fin

По кусиот прекин, Гајсер за денеска најави нови докази кои на јавноста ќе ѝ ги презентирал преку Радиото Каподистри Ларис Гајсер, соработникот на италијанскиот весник „Ла Верита”, најави дека денеска ќе изнесе нови факти за случајот „Рекет“, но овој пат не преку онлајн изданието на весникот, туку при гостување на Радиото Каподистри во 11 часот.

Иако Гајсер имаше кус прекин во објавувањето на снимките за случајот „Рекет“, извесно беше дека нема да заврши со трите објавени тури на аудио материјали. Ваквиот тек на настаните уште пред неколку дена го најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање.

„Како што дознав од добро известени италијански извори, тука ќе има уште изненадувања, а сега верувам дека Зоран Заев го разбира колку бев во право за она што му го зборував за одредени лица кои се далеку од Србија, и зошто тоа му го зборував тоа“, изјави Вучиќ.

Афера и за странска амбасада?

Детали за она што ќе следи, во српски медиум изнесе коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија (ДПСМ) Иван Стоиљковиќ.

„Нè очекуваат нови скандали. Наскоро ќе избие афера во врска со странска амбасада во Скопје“, најави Стоиљковиќ за весникот „Ало“, објаснувајќи дека станува збор за компликувана ситуација, од која тешко ќе има разрешница, која би се добила само со голем притисок од надвор.

„Не очекувам да падне Владата, бидејќи премногу вложија во неа ЕУ, САД, НАТО. Но, се наѕира крајот на владеењето на Зоран Заев, кое е раздрмано под притисок на јавноста. Очекувам да има апсења на лица од аферата ‘Рекет’, како на пример на Катица Јанева, но и тоа е проблем за власта, бидејќи таа ќе рече: ‘Вие ме поставивте’. Кого да апсат? Себе? Компликувана е состојбата, затоа очекувам да се засили притисокот од надвор, пред сѐ во спроведувањето на Тиранската платформа”, изјави Стоиљковиќ.

ambasadori fin

Брнс: Сриозни обвинувања бараат сериозен одговор

Во опозициски кругови се шират разни шпекулации за која странска амбасада станува збор, но доминираат оние кои тврдат дека се работи „за онаа на Калето“ и наводно за лице кое повеќе не е дел од тамошниот дипломатски персонал. Во интервју за Гласот на Америка на српски јазик, заменик помошникот на државниот секретар на САД, Метју Палмер, пред неколку дена изјави дека дека САД поддржуваат целосна, темелна и транспарентна истрага на обвинувањата за случајот „Рекет“, а ако има докази – и за соодветно обвинение.

Вчера, новата американската амбасадорка во Скопје, Кејт Брнс, се надоврза на пораката што ја испрати еврокомесарот и за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, за случајот „Рекет“.

„Како што кажавме претходно, ова се сериозни обвинувања што бараат сериозен одговор што ќе биде темелен, транспарентен и навремен. Сега е моментот Северна Македонија да покаже посветеност на владеење на правото“, порача Брнс на Твитер.

Претходно, комесарот Хан потенцираше дека борбата против високата корупција мора да продолжи непречено.

„Во врска со најновите откритија важно е да се воспостави правна одговорност за сите криминали, вклучувајќи ги и оние што произлегуваат или се поврзани со нелегално прислушуваните материјали. Никој не е над законот и не смее да има неказнивост. Сите криминали мора да бидат истражени од надлежните, ослободени од секакви влијанија, и престапниците да бидат изнесени пред лицето на правдата“, напиша еврокомесарот на Твитер.

Извор: Дојче веле

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2019 година.

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2019 година .

Најново