Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

stefangjija fin

Народниот правобранител ја осуди пораката на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија објавена на неговиот профил на социјалната мрежа Твитер во која е поставена бесилка оценувајќи ја како говор на омраза и побара од надлежните институции да реагираат и да го расчистат случајот.

-Народниот правобранител како членка на Мрежата против говор на омраза го осудува секој чин на ширење на говор на омраза, од причина што во едно општетство какво што е нашето тоа може да остави далекусежни последици и да поттикне дела од говор на омраза. Оттука ги повикуваме надлежните институции Министерството за внатрешни работи и Обвинителствиото веднаш да реагираат и да го расчистат секој слуачај на ширење на говор на омраза. Неказнивоста на ова дело делува охрабрувачки, а Република Северна Македонија токму во овој сегмент досега не покажа голем капацитет за справување со оваа негативна општествена појава, стои во изјавата на Народниот правобранител за МИА.

Ваквиот чин на пратеникот Стевананџија го осудија и од Владата оценувајќи го како непримерен за народен избраник и ги повикува надлежните институции на целосно и ефикасно спроведување на правната држава, утврдување на фактите и одговорноста.

tvitotnastefanjija fin

-Владата најостро осудува и нема да дозволи ширење говор на омраза кон кој било граѓанин. Во врска со прашањето за говорот на омраза ширен од пратеникот Стеванаџија, најостро ги осудуваме заканите и говорот на омраза кои ги шират функционери и народни избраници. Тие треба да бидат пример за граѓаните, а не поттикнувачи на поделби и конфликт, стои во реакцијата од Канцеларијата на портпаролот на Владата.

Воедно, се посочува дека последните две недели секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР веќе постапувал по 11 случаи и за три веќе е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство, а за останатите тоа ќе биде направено во наредните денови по нивното комплетирање.

Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Стевананџија завчера објави твит со слика од бесилка со текст: „Ќе биде се ОК! Зоран Заев“, што беше оценето како говор на омраза, по што твитот беше повлечен.

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново