Северна Македонија и Србија ќе соработуваат во областа на дигитализацијата
Објавено на 19 јули, 2019 во 08:44
Меморандум за соработка во областа на дигитализацијата денеска во Скопје ќе потпишат Министерството за информатичко општество и администарција и Канцеларијата за информациски технологии и електронска управа во Владата на Република Србија.
Како што информираат од владината прес-служба, параф на документот за соработка ќе стават министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и директорот на Канцеларијата за информациски технологии и електронска управа во Владата на Република Србија, Михаило Јовановиќ