ВМРО ДПМНЕ: Заев и Џафери режираа разочарувачки ден во Собрание
Зоран Заев и Талат Џафери режираа разочарувачки ден во Собранието, доведувајќи ја во прашање препораката за отпочнување на преговори за ЕУ. Ова е реакција на Амбасадорот на Република Франција, Кристијан Тимоние во врска со насилничкото и недемократско носење на штетниот закон за двојазичност, соопштија денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ го погази деловникот за работа на Собранието. Владеачкото мнозинство ја спречи амандманската расправа и насилно го прогласи неуставниот закон за двојазичност за изгласан. СДСМ ја обезвредни улогата на
Собранието и пратениците и на сила истурка закон без да го испочитува правото на пратениците со амандмани да интервенираат во истиот“, се додава.
Од партијата сметаат дела законот ваков каков што насилно го истурка власта е неуставен, неприменлив и штетен. За ВМРО-ДПМНЕ ваквиот закон е неприфатлив.