МТПС: Во градинките е забрането политичко и верско организирање
Министерството за труд и социјална политика испратило допис до детските градинки во кој ги предупредува дека согласно Законот за заштита на децата, забранета е нивна злоупотреба поради политичко или верско организирање и дејствување.
Ваквото организирање и дејствување потсетуваат од МТСП е прекршок и се казнува со глоба од 1.000 евра.
– Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на установа за деца, на детска градинка/центар за ран детски развој, организациона единица основана од страна и во состав на правни лица, високообразовна установа и на приватно училиште и на агенција за давање услуги за чување и нега на деца од предучилишна возраст возраст, им посочиле од МТСП на детските градинки, цитирајќи одредби од Законот за детска заштита.