Викендов Македонија во жолта фаза
Објавено на 15 септември, 2017 во 13:58
Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на викендот што следува, територијата на целата држава ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза.
За таа цел, Министерството за здравство апелира до граѓаните за посебно внимавање за своето здравје, особено поради температурните осцилации во изминатиот период.
Исто така, потребно е да се избегнува директна сончева изложеност, како и почитување на општите мерки за заштита на здравјето.