За работа на работниците на плус 40 изречени 37 забрани за работа на фирми
Објавено на 3 јули, 2017 во 13:10
Министерството за труд и социјална работа инфорима дека во од 29 јуни до 1 јули, за време на топлотниот бран дежурните екипи на Државниот инспекторат за труд извршиле 97 инспекциски надзори од областа на безбедност и здравје при работа на целата територија на Република Македонија.
„Притоа, за 37 правни субјекти беше донесено решение за забрана за работа, а на останатите контролирани правни субјекти им беше укажано на обврската за почитување на соодветните препораки. Инспекциските надзори се извршени во дејностите: градежништво, конфекциски погони, складирање на отпад, земјоделие и други дејности“, соопшти Министерството за труд и социјална работа.