Случајот „Тврдина“ е одложен за 26 септември
Објавено на 3 јули, 2017 во 10:13
Денешното судење за случајот „Тврдина 2“ во кое обвинети се поранешниот прв човек на Петтата управа во УБК Горан Грујевски и уште шест вработени во УБК се одложи за 26 септември.
Причина е што Грујевски има нов адвокат, Љупчо Шврговски, а ќе се приклучи и уште еден бранител кои бараат време за да се запознаат со обвинението.
СЈО ги товари првообвинтетиот и вработените во УБК за уништување на службена документација и за фалсификување на службени исправи во случајот „Тврдина“, кој е поврзан со уништувањето на доказите за нелегалното прислушување.
Грујевски е обвинет и во случаите „Таргет“ и „Тврдина 2“, кои СЈО ги спои во едно обвинение.