Повторно почнаа да се собираат граѓани пред Кривичен суд
Објавено на 30 јуни, 2017 во 10:45
Повторно почнаа да се собираат граѓани пред Кривичниот суд поради обвиненијата што вчера ги покрена Специјалното јавно обвинителство против поранешниот премиер, Никола Груевски, високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и други осомничени.
Тие со автомобили ја блокираа улицата пред кривичниот суд и со свирежи го изразуваат незадоволството.
Синоќа по распоредувањето на предметите, пред Кривичен се собра група граѓани и извикуваа “Нема да ви помине” и “Македонија, Македонија”.