Задолжување за раздолжување
Објавено на 19 јуни, 2017 во 09:14
Ново задолжување на пазарот на домашни хартии од вредност. Владата утре планира да се задолжи за 5,6 милиони евра.
Операцијата ќе се спроведе преку аукција на државни обврзници, а парите ќе треба да се вратат за 15 години. Веќе следниот ден односно в среда по основ на доспеани долгови владата ќе треба да врати идентична сума пари.
Нивото на јавниот долг заклучно првиот квартал од годинава изнесува 46 отсто од Бруто домашниот производ или 4,74 милијарди евра, што споредбено со крајот на минатата година претставува зголемување од над 28 милиони евра.