Четири часа прекин на сообраќајот на патот Маврово -Дебар
Објавено на 19 јуни, 2017 во 07:58
Сообраќајот на патниот правец Маврово–Дебар на делот од Мелнички мост до селото Долно Косоврасти ќе биде во прекин во двата правца денеска од 13 до 17 часот, поради асфалтирање.
Сообраќајот на државните патишта се одвива пo претежно суви коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.