Почна да се гаси пожарот на струшката дива депонија
Граѓаните на Струга, од синоќа почна гасењето на пожарот на дивата депонија недалеку од Струга. Сета расположлива механизација во регионот на Струга, механизација на Агенцијата за патишта е мобилизирана за да го реши проблемот.
Според информации на некои медиуми, акцијата лично ќе ја води министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски во содејство со локалната самоуправа и другите ресорни министерства.
Стружани со години од надлежните органи бараат решавање на овој проблем, а сега и итна интервенција за гасење на пожарот на депонијата која е на само 500 метри од градот. Граѓаните бараат депонијата да се дислоцира и стратешки да се реши овој проблем.
Од неколку гарнитури на локалната власт и владата на Груевски имало ветувања дека ќе го решат проблемот но резултат бил само поголем куп жубриште кое прераснува во загрозувачка депонија.
Депонијата и натаму чади, се избегнува вклучување на канадерите поради можно енормно ширење на загадувањето од гасовите кои излегуваат од истата и токму поради тоа со ангажман на механизација ќе се оди на класично гаснење на пожарот, а потоа затрпување со земја и песок и конзервирање на депонијата.