Силно невреме во Скопје
Скопската котлина е зафатна од силно невреме и град кој со големи зрна го побеле зеленилото пред зградите, а беа искршени и повеќе гранки од дрвјата.
Силниот ветер дожд и град , предизvикаа паника и неизвесност кај граѓаните на Скопје.
Управата за хидрометеролошки работи попладнево предупреди дека поради најавите за локален пороен дожд и грмежи можна е појава на одрони и свлечишта. Се препорачува внимателно движење покрај суводолиците каде е можно брзо надоаѓање на вода.
– Особено треба да се внимава на локации каде водотеците и суводолиците се пресечени од патишта и разни премини и каде има било какви стеснувања на водните правци, се вели во соопштението од УХРМ.
Според најавите, во вечерните и ноќните часови се очекува променливо облачно време, а наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Локално се очекува процесите да бидат поинтензивни во форма на невреме, со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.