Коѕиас по средбата со Димитров: „Нема во ЕУ и НАТО без решение за името“
Грција ќе го поддржи членството на Македонија во меѓународните организации, но под услов да се реши прашањето за името, е пораката што пред малку во Атина ја доби македонскиот шеф на дипломатијата Никола Димиторв, по средбата со неговиот грчки колега Никос Коѕиас. Коѕиас истакна дека Атина го поддржува територијалниот интегритет на северниот сосед и потсети дека Грција досега понудила многу решенија, но дециден е дека Грција нема да дозволи влез во НАТО и ЕУ за земјава под ривремената референца, поранешна југословенска Република Македонија. Коѕиас ги пофали заложбите на новата влада и премиерот Заев и рече дека никој нема да биде позадоволен и посреќен од него, ако завршат со оваа цела приказна.
– Грција сака да му помогне на нашиот сосед, и важно е да имаме пријателски односи со министерот Димитров. Со денешните дискусии нема да го решиме прашањето, меѓутоа градиме позитивна клима и имаме позитивна рамка за решавање на ова прашање. Не е доволно да имате добри намери, потребни се и напори за добро решение, рече Никос Коѕиас, министер за надворешни работи на Грција.
Димиторв, пак, на заедничката прес конференција истакна дека оваа средба била добар почеток за подобрување на односите меѓу двете земји и уште еднаш побара поддршка од Грција.
–Во регионот иако потребно е време тоа да се сфати но, напредуваме или уназадуваме заедно. Бидејќи сме во нагорна линија потребна ни е помош, и мислам дека ова е добро и за вашата земја. Главната порака која сакам да ја испратам при посетата е дека барање поддршка од Грција да напредуваме на евроинтегративниот пат“, рече македонскиот шеф на дипломатијата Никола Димитров, на денешната заедничка прес конференција со неговиот грчки колега.
Двајцата министри денесkа зборувале и за изградба на гаовод од Грција до Скопје, како и за развој на железничките врски меѓу двете земји.