Карл Билт денеска во Скопје
Објавено на 18 април, 2017 во 07:57
Копретседавачот на Европскиот совет за надворешни односи Карл Билт на својот твитер профил најави дека денеска патува за Скопје.
„Во раните утрински часови полетување од сончева Болоња. Скопје со Европскиот совет за надворешни односи е дестинацијата на овој ден“, твитна Билт.
Која е причината за неговото патување се уште е непознато.