АМСМ: Во клисурите и засеците можни помали одрони
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.
Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
На патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен на обиколницата кај Битола свлечиштето е очистено,но од превентивни причини сообраќајот сеуште се пренасочува низ градот Битола.
Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента се затвора за сообраќај, a сообраќајот ќе се одвива по левата коловозна лента. Поставена e соодветна сигнализација.