Сончево со умерена облачност
Објавено на 18 април, 2017 во 07:16
Во Македонија денеска се очекува преодно стабилизирање на времето со пораст на дневната температура.
Ќе биде сончево со умерена облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест, а дневната од 15 до 21 степен.
Во Скопје слично време, со температура од два до 19 степени.