Македонија во изолација? Берлин бара балканците да се реформираат и обединат пред да влезат во ЕУ
Како и амерканскиот сенатор Меккејн и германскиот министер ја скока Македонија во балканската турнеја .Како да сме изолирани!?
Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел изјави дека балканските држави треба да протуркаат реформи и да работат за надминување на долгогодишните противречности , ако сакаат да се приклучат кон ЕУ , соопштува Ројтерс.
Оваа недела Габриел ќе се сретне со лидерите на Србија и Косово за време на првата посета на регионот како министер за надворешни работи на Германија. Следната недела поранешниот министер за економија ќе ја посети и Албанија.
” Ќе уверам моите партнери на преговорите:” Патот кон ЕУ останува отворен, ако изберете реформи или напредок наместо поделба и застој “, истакна Габриел во порака.
Според него раните од минатото кои доведоа до тензии во регионот , заздравуваат ,нагласувајќи дека е забележан извонреден напредок на Западен Балкан во последниве години.
” Сакаме да ги поддржиме земјите во регионот во развојот на демократијата и владеењето на правото и да се движат кон стабилност и просперитет “, додаде тој.
Минатиот месец премиерот на Србија Александар Вучиќ ја предупреди германската канцеларка Ангела Меркел за сериозни последици, вклучувајќи зголемување на национализмот и проруски симпатии, ако ЕУ не даде јасна порака за членство на земјите од Западен Балкан.
Утре Габриел ќе се сретне со Вучиќ и српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, пред да го посети Косово.
Македонија во изолација?
Како и амерканскиот сенатор Меккејн и германскиот министер ја скока Македонија во балканската турнеја. Нема најава за посета на Скопје. Се ова упатува на впечатокот како веќе да сме изолирана држава.
Дипломатите потсетуваат дека суштинското во ЕУ е владеење на правото, а Македонија постојано се предупредува за тоа. Клучен е и актуелниот момент во кој очигледно се блокира смена на власта и конституирање на инститиуциите, што секојдневно го бараат челниците на Европа и Брисел, од претседателот Иванов и власта на заминување водена од Никола Груевски.
Брисел не еднаш споменал дека се во игра и санкции до колку не се почитуваат демократските принципи.
Политичката состојба во Македонија е трагична. Брисел треба да воведе таргетирани санкции кон претседателот Иванов и лица од ВМРО-ДПМНЕ“ – изјави вчера поранешниот амбасадор на ЕУ во земјава, Ерван Фуере во разговор за Тв 24. Одбегнувањето на посета на офцијално Скопје и старат власт и Иванов е повеќе од порака за реализација на заканите за санкции и се поголема политичка изолација на оваа водство на државата велат дипломатите.