Временска прогноза
Објавено на 27 февруари, 2017 во 06:07
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и слаб јужен ветер. Tемпература до 15 степени.
Во среда се очекува брз продор на влажна и постудена воздушна маса од север, кој ќе предизвика локални врнежи од дожд, а на повисоките планини снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен, а попладне од северозападен правец. Дневната температура ќе опаддне за неколку степени.
Потоа до крајот на неделата се очекува стабилно и потопло време.