Во Кривичниот суд продолжува судењето против Заев за „Поткуп“
Објавено на 23 февруари, 2017 во 09:28
Денеска во 10 часот во Кривичниот суд треба да продолжи рочиштето за случајот „Поткуп“ .
Во овој случај лидерот на СДСМ, Зоран Заев се товари за барање и примање поткуп од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев.
Претходното рочиште кое се одржа на крајот на минатиот месец беше одложено поради барањето на изземањето на обвинителот Златко Биковски.
Причината за ова барање е затоа што според одбраната Биковски е дел д „злосторничкото здружување“ на власта и од политички причини сака да му наштети на Заев како шеф на опозицијата.
Биковски како обвинител дојде во овој случај на последното рочиште за да го замени обвинителот Владимир Милошевски кому му е истечен мандатот.