Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Централното претседателство на ДУИ го прифати понудениот пакет од СДСМ, и го овластило лидерот на партијата Али Ахмети да има мандат во секој момент да ја донесе одлука за потписите на пратениците на ДУИ за поддршка на Зоран Заев. Тоа ќе значи потпис за парламентарно мнозинство и земање на мандатот од шефот на државата,за конечно формирање на нова Влада по изборите од 11 декември. Со оваа одлука е расчистена дилема за формирање на владата на Зоран Заев, пишува Локално.

Седум часа траел вчерашниот состанок на централното претседателство на ДУИ на кој членовите се согласиле на измените во Законот за употребата на јазиците. Тоа беше и најспорниот дел во преговорите. Оваа тема е помината, членовите на ДУИ дале поддршка за законот, но и ги овластиле преговарачите да ги допрецизираат малкуте незавршени делови во него со тимот на СДСМ.

Тоа сепак не го одлага собирањето потписи, и нема да има нов состанок за оваа точка и повторно да се решава на претседателството дали да се даде поддршката на СДСМ или не.

Извори на ДУИ псочуваат дека освен за јазикот, партијата ги има прифатено и решенијата за економска рамноправност на општините.

Од ДУИ не сакаат да откријат детали, што значи овластувањето за лидерот и кога може да се очекува Ахмети да ја донесе конечната одлука, особено по најавата дека состанокот на ЦП продолжува и в петок.

Извор: Локално

Фотографија: А1.он

 

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

NOVOGODISENBANERSINALCO

 
   
   
   
   

Најново