Временска прогноза
Објавено на 23 февруари, 2017 во 06:58
Времето денеска сончево со мала облачност и слаб јужен ветер. По одделни котлини во утринските часови ќе има појава на слаба магла. Температура до 17 степени.
Во текот на ноќта кон сабота и во сабота преку нашето подрачје ќе помине влажен бран. кој ќе услови зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во западните и северните делови.