Продолжува блокадата на железничкиот сообраќај
Објавено на 22 февруари, 2017 во 09:24
Железничкиот сообраќај и денеска е во целосен прекин поради протестот на вработените кои бараат редовна исплата на платите.
Работниците вчера не го прифатија прелогот на менаџерскиот тим јануарската плата да им се исплати во два дела. Првиот да се исплати до крајот на месецов, а вториот дел до 10 март. Прекинот на сообраќајот ќе продолжи се додека не се исполнат поставените барања за целосна исплата на платата за јануари.
МЖ Транспорт информираше и дека во соработка со Владата треба да се финализира и решението за подолгорочно решавање на состојбата во Македонски железници.