Сообраќајот на патот Кичево – Охрид по планинскиот превој Пресека кај село Врбјани ќе биде во прекин поради изведување работи на пат – минирање.
Како што соопшти ЈП „Македонија пат“, прекинот во сообраќајот ќе биде во периодот помеѓу 13 и 16 часот во траење од околу 15 – 20 минути.