АМСМ: И преку грчкиот премин Дојран не сообраќаат тешки товарни возила
Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Богородица (Евзони) и понатаму е затворен за сообраќај за сите видови на возила.
Граничниот премин Дојран е затворен за сообраќај на товарни возила, а за патничките возила преминот е отворен.
Граничниот премин Меџитлија е отворен за сообраќај за сите видови на возила.
Сообраќајот на државните патишта сe одвива по суви коловози, освен на осојничавите места.
Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.
Според информација од ЈП Јасен, патниот правец Скопје – Македонски Брод низ Јасен, од 02.02.2017 година од 14:30 часот е со ограничена проодност. Во утврдените термини за еднонасочен сообраќај, дозволено е движење само на лесни теренски возила со погон на сите четири тркала.
Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен, преку обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини сообраќајот сеуште се пренасочува преку градот Битола.
На сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино кај Стоби на река Црна. Десната лента се затвара за сообраќај, a сообраќајот ќе се одвива по левата коловозна лента, поставена e содветна сигнализација.