Временска прогноза
Објавено на 15 февруари, 2017 во 06:58
До петок ќе преовладува претежно сончево и релативно топло време. Утре ќе дува умерен, на места повремено засилен ветер од северозападен правец.
Во петок и за време на викендот по котлините ќе има услови за појава на утринска магла. Од сабота ќе има зголемување на облачноста со повремен локален дожд, особено во недела.
Денеска ќе се задржи сончево со умерен, а на места повремено засилен северен ветер. Температурата до 12 степени.