За Св. Трифун бесплатен воз од Скопје до Демир Капија
Објавено на 14 февруари, 2017 во 09:42
Воз на Македонски железници Транспорт денеска бесплатно ќе превезува патници од Скопје за Демир Капија, каде се одржува традиционалната манифестација „Недела на традицијата Св.Трифун“.
Возот тргна од Скопје во 8.10 часот, во Демир Капија ќе пристигне во 10 часот, а ќе се враќа за Скопје во 15 часот. За време на манифестацијата, на плоштадот ќе има бесплатно јадење и пиење, шведска маса, вино и ракија.
На централниот настан денеска ќе има свечено закројување на винова лоза, базар за традиционални производи и културно уметничка програма. Ќе настапат КУД „Мирка Гинова” и естрадните уметници Блага Петреска, Евто Пупиновски, Јордан Митев, Виолета Томовска, Адријана Алачки, во придружба на оркестарот на „Зајди, зајди”.
Извор: Плусинфо