Иванов ќе му го врачи мандатот за составување Влада на Груевски
Објавено на 9 јануари, 2017 во 10:58
Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов денеска во 13:00 часот ќе го врачи мандатот за состав на Владата на Република Македонија, соопштуваат од Кабинетот на Иванов.
Мандатот ќе му биде врачен на Никола Груевски, претседател на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.
Груевски во интервју за Дневник изјави дека ќе се обиде да состави Влада, но не по секоја цена. Тој како мандатар има законски рок од 20 дена за да ја состави Владата, по што доколку не успее треба повторно да го врати мандатот на претседателот.