Укината забраната за тешки товарни возла на Плетвар
Објавено на 9 јануари, 2017 во 09:17
АМСМ информира дека од 08:30 часот укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар.
На патниот правец Маврово – Дебар сеуште важи забраната за движење на тешки товарни возила.
На патниот правец Прилеп – Витолиште сообраќајот е дозволен само за лесни возила, со задолжителна употреба на зимска опрема.
Затворени за сообраќај се патиштата кон селата Герман, Гошинце и Алешевце.