АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови
Поради врнежи од снег воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планински премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Врнежи од снег се бележат во Крива Паланка, Страцин, Куманово, Тетово, Гостивар, Попова Шапка, како и на планинските премини Стража, Кула и Маврово.
Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.
АМСМ потсетува дека од 15-ти Ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.