Од денеска вистинска зима!
Објавено на 5 јануари, 2017 во 06:12
Од денеска ќе има значителна промена на времето поради спуштање на поларна воздушна маса од север ќе има врнежи од снег, најпрво во северните и западните, а потоа и во останатите делови.
Во јужните делови најпрво врнежите ќе бидат од дожд, а потоа ќе преминат во снег. Пообилни врнежи се очекуваат во попладневните и ноќните часови. Врнежи од снег ќе има и во петок, особено претпладне, но со намален интензитет. Насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и до 50 сm.
Од денеска попладне до сабота ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, поради што на места ќе има и снежни навеви. За време на викендот облачноста делумно ќе се намали и ќе биде многу студено. Температурата ќе опадне до -20 степени Целзиусови.