Колку пратеници од стариот состав ќе земаат апанажа?
Веројатно сите 65. Досегашната пракса покажува дека многу повеќе од пратениците кои им завршува мандатото се определуваат за апанажа и чисти пари, отколку да се вратат на бедните плати на старите работни места, велат експертите.
Со констотуирањето на новиот парламентарен состав на старите пратеници им заврши и мандатот а со тоа и платите од парламентот. Сега на ред е познатата апанажа, преку која повторно пратениците без работа си обезбедуваат плата .
65 пратеници до крајот на месецов имаат право да побараат апанажа. Соред законот до колку не се вратат на старите работни места или останат без работа народните избраници од претходниот состав можат да поднесат барање за надомест на апанажа-плата.
Според измените во законот за плата од 2014 на пратениците од минатиот состав апанажата ќе зависи од должината на мандатот но не за надоместок кој се однесува на период подолг од една година. Периодот за остварување на апанажа може да биде продолжен за најмногу 6 месеци доколку во тоа време пратеникот треба да стекне старосна пензија.
Со верификување на новите пратеници престанува мандатот на 123 пратеници од осмиот парламентарен состав. 58 од нив беа повторно избрани на предвремените избори па така право на надоместок на плата имаат 65 поранешни пратеници.
Додека добиваат апанажа пратениците немаат право на други лични примања и надоместоци. Правото на надоместок престанува во истиот момент кога пратеникот ќе стекне пензија, ќе се вработи или ќе биде именуван на друга функција. Апанажата е во висина на платата на пратениците и ја исплаќаат од Ссобранието.
Претходно 51 пратеник од седмиот парламентарен состав остварија право на апанажа од крајот на 2014 до почетокот на 2015 та година и за оваа намена Собранието издвојуваше по околу 50 000 евра месечно.Сега цената ќе биде нешто повисока, а бројката се очекува да биде околу 60 пратеника .