АМСМ: Слаб снег паѓа на планинските превои и во Кочани, Делчево, Берово…патиштата се одржуваат
Слаб снег паѓа во Кочани, Делчево, Берово, К.Паланка, Страцин, Кичево и Прилеп и на планиските премини Маврово, Стража, Железнец, Пресека и Буково кој не се задржува на коловозот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози.
Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д.Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП Македонија пат се постојано на терен и ги одржуваат проодни сите патни правци.
За сите подетални информации јавете се на нашиот дежурен телефон 02/ 25 61 502.